-->
-->
Вучевиќ: Ситуацијата на Косово и понатаму е тензична
-->
– Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ денеска изјави дека ситуацијата на Косово „се уште е многу тензична бидејќи има многу отворени прашања“.
Во изјава за локален медиум тој нагласи дека се надева дека „одговорите ќе се бараат во форма на дијалог“.
„Србите се загрижени бидејќи не се знае кој е следниот чекор на Курти, човек кој покажа дека не носи многу рационални одлуки и дека не е човек на договори“, изјави министерот за ТВ Пинк.
Вучевиќ рече дека Србија „секогаш избира секогаш кога има макар и милиметар простор, решението да се бара со дијалог, што не значи дека ќе проголта се, напротив, туку сакаме да спречиме војни и конфликти“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар