Вучевиќ: Испратено е барање до ФБИ и до ФСБ за истрага за употреба на звучен топ на протестот во саботата
Српската Влада испратила синоќа барање до ФБИ и до Руската служба за безбедност (ФСБ) да спроведат независни истраги дали на протестот на 15 март во Белград бил употребен звучен топ, јави дописникот на МИА од Белград.
Потврдата за тоа беше изнесена денеска откако српскиот премиер Милош Вучевиќ нагласи за белградски медиуми дека по разговорот со српскиот претседател Александар Вучиќ потпишал официјални документи и преку Министерството за надворешни работи, поточно српските амбасади во Вашингтон и Москва, испратил барања до безбедносните служби на тие држави.
„Можам со најголема одговорност да кажам дека на 15 март на ниту една локација не беше употребен звучен топ или нешто слично. За тоа не беше издадена наредба, никој не ја виде таа направа. Невозможно е да немате здравствени повреди во моментот на употребата на тој уред. Таквата направа произведува непосредни последици“, рече тој.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ за порталот „Данас“ изјави дека полицијата поседува звучно оружје или колоквијално наречено „звучен топ“. Тоа е купено во 2021 година и е во сопственост на МВР на Србија.
Тој додава дека тие системи се наоѓаат во магацини во кутии, не се пуштени во употреба.
На прашањето зошто претходно изјавил дека МВР не поседува „звучен топ“ или друго слично звучно оружје, министерот рече дека тоа е несмасна изјава.
„Тоа е несмасна изјава. Со тоа се мислело дека МВР не го вклучува тоа средство во својот арсенал“.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари