-->
-->
Второ коло на фјучрсот во Скопје и за Мицов
-->

Македонскиот тенисер Стефан Мицов е вториот од нашите играчи што успеа да избори пласман во второто коло на фјучрсот во Скопје. Тој попладнево со 2-1 во сетови го победи Британецот Нил Пафли.
Првиот сет со 6:3 во гемови го доби Мицов, кој во вториот сет зема „одмор“ и го загуби сетот со 6:0. Во решавачкиот сет беше 6:4 за нашиот играч во меч што траеше 2 часа и 31 минута. Во вкупниот број поени беше 92:91 за Британецот, кој имаше и еден брејк повеќе (3:2), но крајниот учинок беше во корист на Мицов кој во 2.коло во четврток ќе игра против четвртиот носител Клаудио Фортуна.
Од македонските тенисери денеска Томислав Јотовски го совлада Габриел Донев од Бугарија со 6:4 и 6:1 во гемови, додека Бесир Дургути беше поразен од првиот носител Кристофер О‘Конел со 7:5 и 6:2.
Во конкуренција на двојки Дургути и Горазд Србљак загубија со 6:3 во двата сета од руските играчи Гиголаев - Перфилов.
Утре сингл мечеви ќе играат Димитар Грабул против Дује Кекез и Горазд Србљак против Лени Хампел.
Во конкуренција на двојки Русевски и магднчев истотака ќе бидат на теренот, додека свои мечеви во двојки ќе играат и Јотовски со Лазов, како и Мицов заедно Хампел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
