-->
-->
Втора турнирска победа за Ѓорческа во 2016 година
-->
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа на убедлив начин го заврши настапот на фјучрсот во турскиот град Маниса, што се играше за награден фонд од 10.000 долари. Таа денеска во финалето на Алона Фомина од Украина и препушто само три гема и без загубен сет со пет победи го освои пехарот на овој турнир.
Во двата сета со 6:1 и 6:2 во гемови нашата тенисерка беше поуспешна и со победата на турнирот освои и 12 нови поени. Мечот траше точно еден час, а скорот на освоени поени беше 58:33 за Ѓорческа.
Ова за Ѓорческа е седма турнирска победа во поединечна конкуренција или втора во 2016 година, а откако го откажа настапот на фјучрсот во Тунис, следниот ќе го има во уграрскиот град Ѓер каде ќе игра на турнир со награден фонд од 25.000 долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонска гордост
-
Преглед на вести од светот
-
Младите веќе не заминуваат само поради пари, туку пред се поради немање пристојни услови за градење иднина
-
Орбан нуди посредство за преговори со Софија, одлуката на Брисел ја оцени како историска грешка
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Средношколци во Сител за Денот на медиумите
-
Средба Мицкоски - Орбан во Охрид
-
Kој е виновен што Mакедонија не напредува кон ЕУ – партиите си разменија обвинувања