-->
-->
Втора титула во двојки за Ѓорческа во 2016 година
-->

Македонско – романската коминација Лина Ѓорческа и Кристина Дину триумфираа на фјучрс турнирот во Сегед што се игра на награден фонд од 50.000 долари. Ова за нашата тенисерка е втора титула во двојки во 2016 година (првата ја освои во Анталија), а со успехот е поголем бидејќи освоени повеќе поени во однос на ланскиот триумф на турнирот во Галаци во истиот период.
Првиот сет со 6:4 во гемови им припадна на Јустијана Јегиолка (Полска) и Гуадалупе Перез Рохас (Аргентина), додека во вториот беше 6:1 за Ѓорческа и Дину. Во решавачкиот сет беше 10:4 на поени.
Ова е прва победа на Ѓорческа на турнир од оваа категорија, а по една недела пауза таа од 27.јуни е пријавена да игра на турнирот во Штутгарт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро