Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија

Во дворецот Чирган во Истанбул утре во 13 часот (по локално време) ќе се одржи нова рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија. Новата средbа помеѓу руската и украинската делегација е на барање на Москва.
Како и на првите преговори, руската делегација е предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, а украинската од министерот за одбрана Рустем Умеров.
Првите директни преговори помеѓу Москва и Киев, од почетокот на војната, се одржаа на 16 мај во Истанбул, на кои беше договорена размена на воени заробеници „1.000 за 1.000“.
Според руските медиуми, Москва ќе презентира меморандум за идниот мировен договор, во кој се вклучени сите аспекти за решавање на причините за судирот.
Претседателот на Русија, Владимир Путин минатата недела најави дека за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови – Ветување дека НАТО нема да се шири на исток; Украина да биде неутрална држава; Укинување на дел од западните санкции; Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти; Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина.
Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најавувајќи дека украинска делегација ќе присуствува на разговорите во Истанбул, ги посочи украинските услови. Тие се: Целосен и безусловно прекин на огнот; Ослободување на затворениците; Враќање на киднапираните деца; И подготовка за состанок на претседателско ниво.
По се изгледа дека ќе продолжат преговорите во Истанбул и покрај денешните меѓусебни напади.
Руските сили утрово извршија ракетен напад врз украинска центар за обука на војници при што загинаа 12 луѓе, а над 60 се повредени. Нападот се случи само неколку часа откако руските сили извршија голем воздушен напад врз регионот на Киев, лансирајќи 472 дронови и седум ракети.
Украинската безбедносна служба (СБУ) денеска изврши голема тајна операција под кодно име „Мрежа“ при што со дронови нападна четири клучни руски военовоздухопловни бази: Белаја во Иркутската област, Олења во Мурманск, Дјагилев во Рјазан и Иваново во истоимената област. Во нападите со беспилотни летала оштетени или уништени се повеќе од 40 руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери со долг дострел Ту-95 и Ту-22М3, како и авион за рано предупредување и надзор А-50.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства
