Втора ревијална вечер „Гоце Фест 2017“
Седумнаесет патриотски песни во изведба на етаблирани, но и млади македонски пејачи беа исполнети на втората фестивалска вечер од годинашниот „Гоце Фест“ која се одржа синоќа во национална установа Центар за култура,Крива Паланка.
- Го реализираме 28-то издание на Гоце Фест. Веќе речиси три децении, oд 1990 година, во чест на денот на раѓањето на големиот македонски патриот Гоце Делчев, 4 февруари, го организираме фестивалот. Вредеше да се реализира таа почетна идеја, а радува фактот што покрај старите искусни познати имиња од македонската естрада има многу млади пејачки и авторски имиња, што секако е гаранција дека фестивалот ќе остане на младите, истакна Пеце Здравковски, директор на „Гоце Фест“.
На давесет и осмото издание на фестивалот на нови патриотски родољубиви песни на сцената пред кривопаланечката публика настапија: Круме Сапсовски, Блага Петреска, Балгица Хаџи – Павловска, Јулија, Ванчо Тарабунов, Серафина Фантаузо, Виданка Ѓоргиевска, Васил Ќамов, Перо Цаца, Група „Соната“, Ристо Краповски, Гоце Касаповски, Ани Малинкова, Игор Митковски, Анита Бошкова, Мишко Талески и Гоце Касаповски.
- Публиката во вашиот град има можност петти пат по ред да ужива во овие родољубиви песни кои на моја идеја се дисперзираат низдржавата, Вчера бевме во Радовиш, вечерва во Крива Паланка, а песниве кои опстојуваат се особено важни периодов, како никогаш досега,зашто Македонскиот народ мора да влее повеќе љубов во срцата, да го поткрене моралот и патриотизмот, изјави Ванчо Тарабунов, пејач.
Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора „Гоце Делчев“, а покровител на втората фестивалска – ревијална вечер е локалната самоуправа на општина Крива Паланка. Финалната фестивалска програма ќе се одржи на 17 февруари во Скопје.
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот