Втора јавна расправа за нацрт - стратегијата за транспарентност на Владата
Јавна расправа за нацрт - стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија (2023-2026) ќе се одржи денеска во Велес, во организација на Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење и Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис.
Воведни обраќање на настанот, како што е најавено, ќе имаат вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска и програмските директорки на Фондацијата отворено општество – Македонија, Адријана Лавчиска и на Фондација Метаморфозис, Данче Даниловска - Бајдевска.
Нацрт - стратегија за транспарентност на Владата 2023 – 2026 година, ќе биде презентирана од Ирена Бојаџиевска, експертка за подготовка стратегијата по што ќе следува дискусија во насока на унапредување на содржината.
На јавната расправа предвидено е учество на претставниците на државните институции, на граѓанското општество, медиумските работници, бизнис секторот и сите заинтересирани, со што ќе се даде придонес кон финализирање на текстот на стратегијата за транспарентност и акцискиот план.
Првата јавна расправа за нацрт – стратегијата за транспарентност на Владата се одржа на 11 септември во Скопје.
Стратегијата има за цел да ги поврзе и усогласи веќе донесените политики, кои на директен или индиректен начин имаат за цел да ја подобрат транспарентноста на институциите, но и да даде нови насоки за подобрување на транспарентноста на институциите. Со креирањето на овој стратешки документ, правилата за комуникација на институциите со граѓаните и начелото на транспарентност ќе бидат операционализирани и унапредени.
Нацрт-текстот е резултат на работата на работната група за подготовка на стратегијата за транспарентност составена од претставници на граѓанските организации, медиумски и академски претставници и институции, што е дел од поддршката која Фондација Метаморфозис ја дава во рамки на соработката со Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење и преку проектот „Транспарентност и отчетност на државните институции во РСМ“ кој го спроведува Фондација Метаморфозис со финансиска поддршка од Фондација Отворено општество-Македонија.
Стратегијата за транспарентност на Владата со скциски план е предвидена да биде спроведена во период од 2023-2026, како продолжение на позитивните практики на соработка и активна транспарентност воспоставени со претходната Стратегија.
Ново на Сител
-
Тајани: Путин треба да одлучи дали ќе има мир во Украина
-
Песков: Јазикот на ултиматум е неприфатлив за Русија
-
Франција мора да прифати илјадници работници мигранти за да го зачува својот социјален модел
-
Кривична пријава против две вработени во Управни работи во Куманово за несовесно работење во службата
-
Приведени две лица од Кавадарци, пронајдена е дрога
-
„Блумберг“: Трамп станува сојузник на Европа во мировната офанзива за Украина, се спремаат „поразителни“ за Москва
-
МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството
-
Акциска контрола синоќа во Скопје, 76 сообраќајни прекршоци, 20 санкционирани возачи на мотоцикл