Втора археолошка конференција „Неолитот во Македонија“
Презентација на истражувањата на неолитските локалитети и материјалната култура во Македонија има за цел археолошката конференција „Неолитот во Македонија II“, што се одржува денеска во Археолошкиот музеј на Македонија, во организација на Центарот за истражување на предисторијата (ЦИП).
Претседателот на ЦИП Гоце Наумов, рече дека ова е втора конференцијата за неолитот во Македонија и има за цел да ги собере на едно место сите што се занимаваат со неолит во Македонија, каде ќе ги презентираат своите истражувања.
- Ова е еден од најинтересните периоди од предисторијата и прилично опсежно е истражуван во последните години, меѓутоа не многу е пишувано за него. Затоа решивме да ја направиме оваа конференција. Вчера имавме археолози од Бугарија, Васил Николов и Крум Бачваров. Денеска ќе бидат претставени 11 трудови и околу 15 до 20 учесници, што ќе презентираат, рече Наумов.
Како поспецифични локалитети за неолитот во Македонија ги посочи „Анзабегово“ во источниот дел на Македонија, праисториската наколна населба „Охридати“ односно „Пенелопа“ во охридскиот регион и пелагонискиот локалитет „Врбјанска чука“ во прилепското село Славеј, кој, како што рече има конструкции нетипични за македонската археологија.
Во рамки на конференцијата беше промовиран и зборникот „Неолитот во Македонија: нови перспективи и сознанија“ кој ги содржи рефератите презентирани на минатогодишната конференција.
Љубо Фиданоски од ЦИП, на промоцијата, рече дека станува збор за зборник на трудови во кој се сместени трудови од повеќе автори, меѓу кои трудот за истражувањата на „Грнчарица“ на Дарко Стојановски и Трајче Нацев, текст на Паско Кузман за неолитот во охридскиот регион, текстови на Александар Нурковски и Валентина Тодоровска, како и истражувањата на Перо Синадиновски.
Зборникот е на 232 страници со црно-бел формат, каде после секој текст е претставен илистративниот материјал.
Ново на Сител
-
Посмртните останки на Душко Чифлиганец ќе бидат изложени утре во црквата „Св. Јован Крстител“ во Аеродром
-
Mајка и дете заглавени во поплавен автомобил во Велес, ги спасиле пожарникари во последен момент
-
Николоски-Ортиз: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави
-
Ротацијата на Земјата се забрзува, денешниот ден е еден од најкратките
-
Млади битолчани фатени при купопродажба на дрога
-
Јаневска: Ќе го решаваме проблемот со Сеизмолошката опсерваторија, тој е ургентен и многу значаен
-
Цените во угостителството во јули зголемени за пет проценти
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче