-->
-->
Втор меѓународен планинарски марш „Голак 2016“
-->

Стотина планинари од Македонија и Бугарија денеска учествуваат на Вториот меѓународен планинарски марш „Голак 2016“ што го организира ПСД „Голак“ од Делчево, со поддршка на Општина Делчево.
Како што истакна претстедателот на „Голак“ Љупчо Чучуковски, целта на маршот е да се промовира планината Голак како посакувана дестинација за планинарење.
Патеката што треба да ја поминат планинарите е долга 12 километри.
- Голак е интересна дестинација. Изобилува со убави шумски предели и претставува своевиден предизвик за секој што ја сака планината. Интересот кај колегите планинари за учество беше голем. На зборното место во центарот на Делчево, утрово пристигнаа повеќе групи од сите градови на Македонија, но и планинарски друштва од Софија, Пештера и Самоков, Бугарија, истакна Чучуковски.
Најпрво се оди до манастирскиот комплекс „Св Богородица Балаклија“ а оттаму до спортските терени на Голак. Следната дестинација е искачување на највисокиот врв, Чавка, 1.536 метри по што ќе се посети и манастирот „Св. Панталеј“.
- Локацијата за кампување е во близина на спортските терени, каде ќе организираме и спортски натпревари, рече Чучуковски, додавајќи дека членовите на планинарското друштво „Голак“ ја маркирале патеката, а поставени се и соодветни планинарски табли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бензините и екстра-лесното поскапуваат за 0,5 денари, цената на дизелот останува иста
-

Претстои нестабилно време со пороен дожд и засилен ветер, преодно стабилизирање од петок
-

Трагедија кај Кочани: Млад мотоциклист загина во сообраќајна несреќа
-

Авганистанец силувал 11 годишно девојче во училиште за посебни потребни во Кобленц
-

Средба Мицкоски - Пленковиќ во Охрид, ќе бидат потпишани договори за стратешка соработка
-

Со автобус во првиот квартал превезени 9.348.000 патници
-

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ЦУК и УХМР
-

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ
