Свет
29. April 2016 - 12:50

Втор круг од парламентарните избори во Иран

Во Иран денеска почна гласање во вториот круг од парламентарните избори на кои се бираат 68 од 290 места во парламентот.

Гласањето се одржува во 21 провинција, на места каде ниту еден од кандидатите не добил 25 отсто гласови во првиот круг гласање на 26 февруари.

На гласањето во февруари 95 места во парламентот добија реформистите, а конзервативците 103.