Втор круг од парламентарните избори во Франција
Во Франција денеска се одржува вториот круг од парламентарните избори.
Кампањата заврши на полноќ во петокот со речиси борбен тон меѓу претседателот Емануел Макрон (Заедно) и левичарскиот сојуз на Жан-Лук Меланшон, кои се рамо до рамо по првиот круг на 12 јуни.
Вториот круг одлучува дали, два месеци по неговиот реизбор за втор петгодишен мандат, на 24 април, Макрон по изборите ќе има апсолутно или просто мнозинство во Националниот парламент.
Првиот круг од парламентарните избори во Франција минатата недела беше шок за претседателот Макрон: кандидатите од неговата владејачка партија претрпеа големи загуби и беа на ниво на нивните политички противници од обединетата левица. Оваа недела во елиминацискиот втор круг ќе биде возбудлив, бидејќи неизвесно е дали партијата на претседателот ќе го постигне владејачкото мнозинство во Националното собрание. Без мнозинство, партијата на претседателот Макрон би можела да зависи од гласовите на левичарскиот сојуз, а тој и Франција би можеле да се соочат со политичка парализа. Од тоа зависат плановите на Макрон за длабоки реформи во Франција.
Непокорна Франција, скратено Нупес, нов левичарски сојуз создаден од социјалистите, комунистите, зелените и левичарските протестни партии, ја потресе политичката сцена. Лидерот Жан-Лук Меланшон успеа да ги инспирира и мобилизира особено младите гласачи. Од друга страна, Меланшон се надева дека ако победи неговиот сојуз, тој ќе стане премиер. Тоа сценарио изгледа многу малку веројатно, но последните анкети објавени во петокот покажуваат дека може да се случи Макрон да не добие апсолутно мнозинство во Националното собрание.
Според барометарот Ипсос, групата на Макрон ќе биде прва со 265 до 305 пратеници, па не е сигурно дека ќе има апсолутно мнозинство од 289 пратенички места. Вториот истражувачки институт Елаб предвидува меѓу 255 и 295 места за групата Макрон. Според Ипсос, групата на Меланшон ќе има меѓу 140 и 180 пратеници.
Од Институтот Елаб се пооптимисти и им даваат од 150 до 200 пратеници.
Третиот блок составен од формацијата на екстремната десница Марин Ле Пен се надева дека ќе ја помине границата од 15 пратеници за да можат да формираат пратеничка група во Собранието. Класичната десница смета на околу шеесетина пратеници во идното Собрание.
Ново на Сител
-
Притвор за две лица од Струга за опожарување возило на охриѓанец
-
Пленковиќ: Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на 29 декември
-
Илир Мета останува во затворски притвор, најави жалба до Врховниот суд
-
Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
-
Се срамев од својот глас и не сакав да станам пејач | Александар Тарабунов | ПРОфесија | Sitel Podcast 071
-
Борељ и Муцунски потпишаа Партнерство за безбедност и одбрана
-
Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре
-
Откриено оружје и војнички опрема во северно Косово, се претпоставува дека се поврзани со нападот во Бањска