Свет
27. јуни 2021 - 11:11

Втор круг на регионалните и департманските избори избори: Франција политички поделена

Во вториот круг на регионалните избори во Франција се вклучени 59 листи, но листите на претседателите на регионите во заминување се во силна позиција, освен во Прованс-Алпи-Азурен брег, каде крајната десница се најде на првото место во првиот круг обележан со досега најслабо учество на изборите, јави дописникот на МИА.

Првиот круг на регионални избори, во неделата, 20 јуни, беше обележан со невидено ниво на неизлезеост (66,7 отсто). Првиот клуч на денешното гласање е да се знае дали овој втор круг ќе мобилизира повеќе гласачи од првиот. Исто така, овој втор круг откри фрагментиран политички пејзаж.

Прво, според бројот на листите кои се во натпреварување и сценаријата што ќе прозлезат. Ќе има само еден дуел во вториот круг во метрополитанска Франција, во Прованс-Алпи-Азурен Брег (меѓу десницата и крајната десница и три во прекуокеанските територии, во Гвадалупа, островот Реунион и Гвајана.

Вториот круг Тнуди три триаголни избори, во Оверњ-Рона-Алпи, во Горна Франција и во Окситанија. Не помалку од осум четириаголни има во Бургоњ-Франш-Комте, во Центар-Вал де Лоара, Гранд-Ест, во Ил-де-Франс, во Нормандија, во Пеј де ла Лоар, како и во Корзика и во Мартиник. Конечно, тоа ќе предизвика, и ова е прво по воведувањето на пропорционалното гласање со две круга во 2004 година, два петтоаголни избори, во Бретања и Нова Аквитанија. Тоа се, вкупно, 59 листи во трката во вториот круг, кога имаше 46 во 2015 година. Тогаш имаше шест дуели, десет триаголни и само еден четириаголе, во Корзика, каде што е квалификацискиот праг за вториот круг е 7 отсто, а не 10 отсто како на другите регионални или територијални избори.

Овие повеќекратни конфигурации, како што анализра париски „Ле Монд” се резултат на повеќе фактори. Како прво, унијата во вториот круг помеѓу левицата и екологистите не беше општа: Бретања и Нова Аквитанија се исклучоци од правилото. Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен ќе биде присутен во вториот круг во сите метрополитански региони, освен Корзика. Листите на претседателското мнозинство на Републиката во Марш на Емануле Макорн, од своја страна, се присутни во осум метрополитански региони, без надеж дека ќе освојат ниту еден, и во Гваделупа, каде претседателот во заминување Ари Шалус (Републиката во Марш) е во многу поволна позиција за победа. Во ниту еден регион, сепак, партијата на Макрон не најде потенцијални сојузници за склучување сојузи. Таа се наоѓа принудена да се појави сама, во слаба позиција.

Општо земено, првиот круг на регионалните избори се покажа како поволен за актуелните претседатели. Сите водат, со исклучок на Рено Музолие во Прованс-Алпи-Азурен брег, веднаш за листата на поранешниот сопартиец, сега кандидат на Марин Ле Пен, Тиери Маријани. Во центарот на вниманието ќе биде овој регион, клучно прашање за претседателката на екстремно десничарската партија, Марин Ле Пен, за да го надополни своето назадување во првиот круг, далеку од резултатите ветени од анкетите.

Друга клучна точка, Ил-де-Франс, каде претседателот во заминување, Валери Пекресе (Слободни!), на чело на заедничката листа на десницата, и покрај добриот резултат добиен во првиот круг (36,2 отсто), мора да се соочи со споена листа на која се соединуваат лидерот на Европска екологија – Зелените (ЗЕЛВ), Жулиен Бају (13 отсто), Одре Пулвар (Социјалистичка партија, ПС, 11,1 отсто) и Клементин Аутан (Непокорна Франција, ЛФИ, 10,2 отсто). Резултатите добиени во првиот круг од Жордан Бардела (Национален спбир, 13,1 отсто) и Лоран Сен Мартин (Републиката во марш, 11,8 отсто) ги сведуваат на улогата на статисти.

Регионалниот изборен систем воведен во 2004 година предвидува листата која стигнува прва во вториот круг да добие „бонус” од една четвртина од советничките местата што треба да се пополнат, а преостанатите места се распределуваат пропорционално на највисокиот просек меѓу сите листи кои се добиле најмалку 5 отсто од дадените гласови. Оваа одредба имаше за цел да обезбеди „стабилно” мнозинство, без предмет на сојузи. Но бројот на листи во многу региони, ќе го направат потребен третиот круг на избор на извршната власт на регионите повеќе од неизвесен.

Што се однесува до департманите, историското ниво на неизлезеност (66,7 отсто) во првиот круг предизвиканемилосрден избор помеѓу кандидатите. Минатата недела беа избрани само 119 парови: правилото што се наметнува да се соберат најмалку 25 отсто од регистрираните гласачи принуди многу кандидати кои добија повеќе од 50 отсто од гласаните гласови да поминат низ втор круг. Втора последица, бројот на парови кои го надминаа прагот од 12,5 отсто од регистрираните за да се квалификуваат во вториот круг е значително намален: имаше 325 триаголни избори во вториот круг во 2015 година, сега ќе има само два.

Останаа 1909 кантони за пополнување на вториот круг. Како и кај регионалните, и првиот круг беше во голема мера поволен за досегашното мнозиснтво. Десницата, која раководеше со 63 департмански совети од 95 – имајќи ги предвид заедниците со специфични статути како што се Париз, Корзика, Европскиот колективитет од Алзас, Гвајана и Мартиник, повторно може да се надева да освои мнозинство. Крајната десница забележа голем неуспех, кандидатите на Марин Ле Пен беа први во првиот круг во 72 кантони, наспроти 322 во 2015 година, и се квалификуваа во вториот круг во 567, наспроти 1073 на претходните избори. Но Националниот собир може да спречи да се појави апсолутно мнозинство во многу департмани.

Републиката во марш и на овие избори не успеа да забележи некои подобри резултати.

Нискиот одѕив на гласачите може да предизвика некои кантони да се преминат, во една или друга насока, со неколку гласови, со што се прави неизвесно департманското мнозинство што ќе се појави вечерва по вториот круг.

Левицата сè уште може да се надева дека ќе и зграби неколку департмани на десницата, Тоа сепак не е доволно да се смени рамнотежата на силите на национално ниво. Десницата ќе задржи големо мнозинство од департманите.