Втор извештај од медиумското известување за Претседателските избори 2019
Непочитување на професиналните стандарди во вршење на дејноста кај ТВ Сонце во известувањето пред почетокот на изборната кампања, констатира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) во Вториот извештај од мониторингот на медиумското известување за Претседателските избори 2019 година, што се однесува на периодот од 7 до 31 март 2019 година.
– Радиодифузерот за партијата Македонска алијанса издвои повеќе време во вестите отколку времето за сите други политички субјекти (партии и кандидати) заедно, со што го прекрши член 61 став 1 алинеи 9 и 13 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги – принципите за еднаков третман на различните гледишта и мислења, и за самостојност, независност и одговорност на уредниците, новинарите и другите автори при создавањето на програмите и креирањето на уредувачката политика, соопшти АВМУ.
Во Извештајот е наведено дека половина од вкупното време во вестите на Програмата на албански јазик на Македонското радио било посветено на трансмисија на информации за секојдневните активности на Владата.
Според АВМУ, од прилозите поврзани со изборите преовладувале информации за активностите на Државната изборна комисија, додека известувањето во дневно-информативните емисии го отсликувало дневниот тек на актуелните или актуелизираните теми од сферата на политиката, економијата, социјалата, здравството итн.
Во извештајот е анализирана 24-часовната програма на МРТ1, МРТ2, МР1 и Програмата на албански јазик на Каналот на етничките заедници на Македонско радио и на 11 телевизии на државно ниво.
Вториот извештај од медиумското известување за Претседателските избори 2019 е достапен на веб-страницата на Агенцијата (http://avmu.mk/).
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо