Втор грант од 178 илјади евра за Националниот парк „Галичица“
Националниот парк „Галичица“ и наредната 2020 година ќе добие средства од Фондот за природа „Преспа Охрид“ (ПОНТ), за покривање на дел од трошоците за тековното работење на паркот.
Станува збор за средства во износ од 178 илјади евра, за кои НП „Галичица“ аплицираше на повикот за финансиска поддршка од страна на Фондот за природа Преспа-Охрид. Тоа е иновативен пристап во финансирањето и работењето на заштитените подрачја, за што ПОНТ минатата година беше избран како победник на наградата „Pathfinder“ за 2018 година, што се доделува за извонредни и инвентивни решенија за заштитените подрачја.
Инаку, договорот го парафираа извршниот директор на ПОНТ Миријам де Конинг и Васко Паскали, директор на ЈУНП „Галичица“ во присуство на претставници од други организации чии активности исто така ќе бидат финансиски поддржани од страна на Фондот наредната година, за активностите што ќе се реализираат на територијата на Националниот парк.
Ново на Сител
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени
-
Поради голема бучава одзедемени „Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“
-
Физичка пресметка меѓу две лица пред казино на Бит Пазар
-
Маж од штипско со остар предмет ги нападнал својата сопруга и нејзините мајка, татко и брат