Втор ден собраниска расправа за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година

На вториот ден од расправата по Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година, која во Собранието почна завчера, попладнево пратениците од владејачкото мнозинство и од опозицијата полемизираа за тоа дали и колку е развоен предложениот буџет.
За опозиционерите тој е мегаломански и популистички, политички поткуп пред избори, неразвоен и со капитални инвестиции на ниско ниво. Обвинија дека никогаш немало помалку инвестиции, поголемо загадување и иселување и дека државата е за една милијарда денари задолжена во две и пол години.
Според пратениците од власта, пак, раст е предвиден во сите области. Капиталните инвестиции во 2020 е предвидено да ги надминат тие од 2019 и ќе бидат повисоки за 3,8 отсто, за плати во споредба со лани се планирани повеќе од седум проценти, а приоритет се социјалните трансфери каде што исто така ќе има зголемување.
Приходите во Предлог-буџетот за 2020 година се проектирани на 3.615.000.000 евра, а расходите 3.898.000.000 евра. Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3 отсто од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година кога изнесуваше 2,5 проценти, согласно со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на меѓународните организации. Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари, и изнесува 17 милијарди 385 милиони денари. Во фокусот на буџетската каса за наредната година, како што образложи министерката Нина Ангеловска, е човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор.
Седницата за Дополнетиот предлог-буџет за 2020 година во Собранието ќе продолжи утре во 11 часот.
Ново на Сител
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
