Врв на лудилото на монструмот: Ја пријавил жената за злоставување, Маја на 18. јули имала сослушување
Марко Николиќ (43) кој си ги уби синот Михајло (4) и невенчаната сопруга Маја (38) пред Центарот за социјална работа во Раковица, ја пријавил во полиција својата жртва, односно Маја, пишува Вечерни новости.
Всушност, требало да му биде судено за семејно насилство, а тој Маја, која ја убил ја пријавил за истото дело. Таа требало да биде сослушана на 18 јули поради пријавата на Марко.
Според тврдењата на адвокатот на Маја, Војкан Симиќ, убиецот пред институциите кои се бават со овој случај тврдел дека тој бил жртва на физичко и психичко насилство од бившата жена.
- Во извештајот на лекарската комисија пишува дека Николуќ е анксиозен, дека тешко ги контролира импулсите, посебно во стресни ситуации, дека е напнат да ги наметнува своите барања.
- Комисијата сепак заклучила дека нема знаци на ментална болест.
- Гледајќи го нивниот заклучок, лекарскиот тим не ги земал наводите за целиот случај каде се наведуваат сите негови насилни испади. Поради тоа се прашувам зошто не го пратиле најмалку на советување. Таму барем некој би му помогнал - вели адвокатот.
- Интересно е дека Центарот за социјална работа ја пратил Маја на надзор, кој инаку е предвиден за родители кои се во конфликт - завршува адвокатот.
Инаку, Николиќ по апсењето е сместен во затвор и е во многу лоша состојба.
Ново на Сител
-
Отворени телефонски линии за донации за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
На кулата Белград им се оддава почит на жртвите во пожарот во дискотека во Кочани
-
Се бара краткотраен притвор за 10 лица, во дискотеката немало доволно ПП апарати и нема писмен договор меѓу организаторот и групата
-
Уште четворица пациенти транспортирани во Хрватска
-
Таравари: Вкупно 47 повредени ќе бидат хоспитализирани надвор од државата
-
Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани
-
Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“