-->
-->
Врнежи, посвежо и ветер од над 60 километри на час
-->
Синоптичарите за денеска до крајот на денот најавуват нестабилно време, особено во северните и западните делови со повремено пороен дожд, грмежи и засилен ветер од над 60 километри на час. Во северните делови ќе биде и значително посвежо.
Од Управата за хидрометеоролошки работи за утре најавуваат краткотраен пороен дожд со ретки грмежи
претежно во планинските региони.
Од понеделник не очекува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност и нешто пониски дневни температури. Особено посвежо ќе биде од среда.
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Попова Шапка – шест литри на метар квадратен, како и во Крива Паланка – два и Пожаране – еден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рускиот министер за надворешни работи пристигна во посета на Кина
-
За осум часа 128 сообраќајни прекршоци на територија на СВР Скопје
-
Сиљановска-Давкова на отворањето на „Охридско лето“: Во фестивалот се вткаени цели епохи на музичката, драмската и ликовната уметност
-
Русија во текот на ноќта соборила 36 украински дронови
-
На Табановце зголемена фреквенција на возила, се чека 40 минути
-
Вујко убил внук и татко на внук по што се самоубил во Прилеп
-
Венчавка на младенците на Галичката свадба
-
Сончево и топло, максимална температура до 38 степени