-->
-->
Вркиќ ново име во Карпош Соколи
-->

Вториот македонски претставник во АБА-лигата, екипата на Карпош Соколи, ќе влезе засилена во претстојната сезона, откако управата на клубот ги заврши сите работи околу потпис на договорот со хрватскиот интернационалец Зоран Вркиќ.
29-годишниот крилен кошаркар висок 203 сантиметри во таборот на „соколите“ доаѓа од Шпанија и тоа од редовите на скорешниот прволигаш Гупузкоа од Сан Себастијан.
Претходно, во својата кариера, Вркиќ има настапувано за екипи како Билбао баскет, Икарос, Задар, Бјанкоблу баскет од Болоња, Задар, Унион Олимпија...
Вркиќ се очекува да биде големо засилување за составот на Синиша Матиќ во пресрет на напорната сезона, во која карпошовци покрај АБА-лигата ги очекува и дебитантски настап во БИБЛ-лигата.
Претходно, во таборот на Карпош Соколи пристигнаа српските интернационалци Драган Лабовиќ, Драган Зековиќ, и Урош Дувњак како и Американеците Ламонт Мек и Кендрик Пери. Од „староседелците“ тука се Дарко Соколов, Игор Пенов, Душан Кнежевиќ и талентираните Дамјан Јакимовски, Иван Сапунџиев и Филип Бакоч.
Во рамки на полуфиналето од Суперупот, „соколите“ вечер ќе ги одмерат силите со Куманово, во салата „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 20:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
-

Екс министерот за земјоделство бил на распит во полициска станица
-

Газдата на „Пулс“ ги принудувал вработените да кријат неправилности од инспекциите и да глумат гости
-

Прободеното дете во училиште во Ченто е стабилно, но се уште е на респиратор-министерката бара измени на Законот за образование
