Врховниот суд на САД ќе се изјасни за делото против Трамп „пари за молчење“

– Врховниот суд на САД денеска ќе ја изрече пресудата за новоизбраниот претседател Доналд Трамп за случајот со исплата на пари на порно актерката Сторми Даниелс за да молчи за наводната афера со него.
Трамп вчера поднесе барање за итна интервенција, еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето на пресудата.
Судијата Хуан Мерчан, кој го води процесот го одби барањето на Трамп да го одложи изрекувањето на пресудата.
Во мај минатата година Трамп беше осуден за фалсификување деловни документи поврзани со исплати на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој платил 130,000 долари на Даниелс за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера пред изборите во 2016 година.
Трамп ја негираше аферата. Мерчан ја потврди пресудата на Трамп минатата недела.
Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за да се прикрие исплатата.
Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.
За фалсификување деловни книги се предвидува затворска казна до четири години, која не е задолжителна.
Ново на Сител
-

Предизвикот „24ч Адреналин“ ќе ги поврзе воздухот, земјата и водата во еднодневна авантура низ Македонија
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
