Македонија
22. September 2020 - 13:24

Врховен суд уште не го доставил предметот ,,Тенк” до кривичен, Арслани апелира на трпение

Врховниот суд на Република Македонија уште не ги пратил во Кривичен суд Скопје, списите за предметот „Тенк”, со кој се потврдува казна од 4 години затвор за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Вршителот на должност претседател на Врховен суд на РМ, Фаик Арслани, за МИА вели дека сеуште се работи на предметот, односно дека се работи за комплексен случај.

– Има повеќе вонредни правни лекови и треба едно по опширно образложение, затоа ни треба малку повеќе време. Треба да сме трпеливи неколку дена, вели Арслани.