Врховен суд ја преиначи пресудата за сообраќајката кај Универзална сала пред пет години

Врховниот суд на Република Македонија, постапувајќи по жалбите на обвинетиот и на обвинителството во предметот со сообраќајната несреќа кај Универзална сала, во која животот го загуби Фросина Цековска, донесе пресуда со која жалбата на обвинетиот ја одби како неоснована, а жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја уважи во делот на кривичната санкција. Со ова Врховниот суд ја преиначи пресудата на Апелациониот суд Скопје и обвинетиот го осуди на казна затвор во траење од 4 години, додека во останатиот дел второстепената пресуда ја потврди.
Претходно, Апелационот суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина со која обвинетиот го огласи виновен за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик и го осуди на казна затвор во траење од 3 години, а на обвинетиот му изрече и забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година.
Овој предмет се однесува на сообраќајната незгода која се случи на 03.04.2015 година на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, во близина на Универзална сала, кога обвинетиот, управувајќи со моторно возило Хонда прелуде, под дејство на алкохол и со брзина поголема од ограничената, удрил во телото на оштетената Фросина Цековска, која како пешак започнала да го минува коловозот по обележан пешачки премин. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди и починала на самото место.
– Направените сообраќајни пропусти кои се причина за сообраќајната незгода опфатија умисленост во дејствијата на обвинетиот, односно беше утврдено присуство на алкохол во крв и пречекорување на дозволената брзина за управување со возилото, па согласно тие пропусти обвинителството ја определи и правната квалификација за кривичното дело. На пресудата на Апелациониот суд во конкретниот предмет, претходеше пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје со која обвинетиот за наведеното кривично дело беше огласен виновен и казнет со казна затвор во траење од 4 години и му беше изречена забрана за управување со моторно возило од Б категорија во траење од една година, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на РСМ.
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
