Македонија
27. April 2017 - 14:45

Врховен ја одложи расправата за прислушуваните разговори како доказ

Врховниот суд на денешното продолжение на општата седница не донесе одлука за рефератот по правното прашање „дали доказите кои се стекнати на незаконит начин можат да бидат употребени како доказ во судска постапка“.  

Од Врховниот суд за МИА потврдија дека расправата по оваа точка е одложена на неопределено време.

Во однос на  правното прашање за „надлежноста за поднесување на барање за заштита на законитоста“ на седницата била усвоена иницијатива за потреба од донесување на начелен став, но тој не бил усвоен.