Времето во Македонија ќе биде сончево
Времето денес во Македонија ќе биде сончево, а во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.
Температурата ќе се движи од три до 12 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец.
Температурата ќе достигне до пет степени.
Во вторник изутрина ќе преовладува стабилно, суво и студено време, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Попладне ќе има зголемување на облачноста почнувајќи од западните и северозападните делови каде кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и снег. Позначителна промена на времето се очекува од четврток кога изразено северно воздушно струење, со засилен, а повремено силен северен ветер ќе предизвика студено време и повремени врнежи претежно од снег.
Ново на Сител
-
УЈП: Технички проблеми со апликацијата „МојДДВ“, се работи на отстранување на проблемот
-
Од понеделник потопло време со постепен пораст на температурата
-
40-годишна жена се удави во Дебарско езеро
-
Приведен малолетник од Скопје, со употреба на сила одзел пари од едно лице
-
Има одредени зголемувања на цените во малопродажба, во големопродажба цените се вратени како пред одлуката, вели директорот на ДПИ
-
Лос Анџелес се раздели со Оливие Жиру
-
Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите
-
Приведен 41-годишен велешанец, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога