Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне и кон крајот на денот. Во западните делови и на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 км/ч.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремен дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во сабота ќе има заладување и поинтензивни врнежи кои во текот на денот почнувајќи од север ќе преминуваат во снег. До недела наутро насекаде ќе се формира снежна покривка, најмногу на планините во западните делови каде што ќе достигне и над 50 сантиметри нов снег. На повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 сантиметри.
Во недела во текот на денот врнежите ќе престануваат. За време на викендот и во понеделник ќе дува и засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива
-
Каде ќе завршат гласовите за Османи и Таравари во вториот круг - одлука ќе се носи во следните денови
-
Парламентарни избори