Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд, а на планините од слаб снег особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намалува.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од шест до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно со појава на слаб дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали, а ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Во наредните денови ќе биде стабилно и суво, освен во петок попладне кога во југозападните делови ќе има услови за развој на облачност со локален дожд. Утринските температури и понатаму ќе се задржат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
