Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд,

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Попладне, особено во текот на ноќта кон четврток ќе има обилни врнежи од дожд и локално се очекува да наврнат над 30 литри на метер квадратен.
Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови. На највисоките планини врнежите ќе бидат од снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.
Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје времето ќе облачно со повремен дожд кој ќе биде пообилен кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.
Во четврток во текот на денот ќе дува наместа и засилен северозападен ветер што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.
Ново на Сител
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
-

Економските санкции на ЕУ кон Русија продолжени за уште шест месеци
