Времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди

Времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди, Попладне почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни, проследени со ретки грмежи.
Во вечерните часови врнежите ќе се прошрат и во источните делови. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието и источните делови умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од 5 до 11, а дневната од 18 до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот и во вечерните часови со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе изнесува 9, а дневната ќе се искачи до 23 степени.
Врнежи од дожд ќе има и во понеделник, кои ќе бидат поинтензивни попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер во форма на невреме. Локално се очекува да наврнат над 50 литри на метар квадратен. Потоа и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален дожд.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
