Македонија
8. October 2019 - 8:40

Времето денеска променливо и облачно

Денеска времето во Македонија  ќе преовладува променливо облачно и свежо време, во утрински часови со локален дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура во Скопје и околината ќе достигне до 18 степени.

Во следните три дена се очекува температурите да растат но во среда се најавуваат студени утра со пад на температурите и до нула.

Во среда се очекува малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер од денес со максимални дневни температури од 16°С до 23°C.