Времето денес сончево и многу топло
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло, особено во првата половина од денот. Во попладневните часови ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер кои ќе бидат повеќе застапени во западните и северните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 33 до 39 степени.
Во Скопје претпладне сончево и многу топло. Попладне ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во петок претпладне ќе преовладува облачно време со сончеви периоди кога се уште ќе има локални врнежи од дожд со појава на ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурата која ќе се движи помеѓу 28 и 35 степени.
Од сабота следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Павловски: Македонија треба да биде прва во Европа по крипто бизнисот за да се развие
-
Таравари го свика партиското раководство
-
Тема на денот со Крис Павловски
-
Таравари на излезна врата - Ќе го следат ли сите пратеници
-
Кошта во посета на Западен Балкан
-
Напредок има, но другите земји растат побрзо од нас - Корупцијата е најголем проблем!
-
Пресудата за пожарот во модуларната болница во петок