Времето денес претпладне ќе биде сончево, попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува. Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови краткотрајно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 29 степен.
Според УХМР, во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи. Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро