Македонија
21. јуни 2025 - 16:40

Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците

Земјоделците не се задоволни од понудената откупна цена за јачменот од 9,5 денари по килограм, каде освен оваа сума откупувачите им нудат и вклучен превозот како и платен данок од 5% . Но земјоделците велат дека јачменот според нив не треба да биде помалку од 13 денари. Како помош во овој момент државата им понудила дека ќе им го плати складирањето на земјоделците на јачменот кои сакаат да чекаат подобра цена. Се надеваат дека тоа ќе им помогне се до моментот кога ќе добијат фер и реална цена од страна на откупувачите.

„Министерството за земјоделие си зема за обврска сите производители на јачмен кои имаат вишок на јачмен да не го предаваат јачменот туку да го складираат во капацитетите за складирање, каде што Министертсвото ќе ги плати сите трошоци по основ на тоа складирње. Исто така и од минатата година не се исплатени тие трошоци за складирање, Министерството си зеде за обврска веднаш да ги плати тие заостанати трошоци“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијација на земјјоделци и фамери на Македонија.

Во тек биле и преговори со Министертсвото за земјоделство за добивање на плус субвенции по килограм јачмен, но за која цена засега станува збор не сакаа да откриваат затоа што преговорите биле во тек. А за кратко време требало да започнат и преговорите за цената на пченицата. И тука ќе се барало помош од државата во доплата по килограм од понудената до цената прифатлива за земјоделците. 

„Сигурно дека за пченицата разликата ќе ја бараме од Владата. Министерот за земјоделство е наш претставник, заедно со министерот и ние како производители ќе одиме да разговараме и да дојдиме до заедничко решение за да не бидиме ние као производители секоја година оштетени“, додаде Стојкоски.

На Македонија годишно и требаат околу 360.000 тони за да ги задоволи своите потреби, а произведуваме како држава само околу 230.000 тони. Овие 130.000 тони Македонија за жал никако да ги постигни.