Времето денес ќе биде сончево и топло температура до 37 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Попладне во западните делови ќе има услови за краткотрајна нестабилност со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 36 степени.
До четврток ќе се задржи претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои на повеќе места ќе бидат над 35, а вдолж Повардарието ќе достигнат до 39 степени. Во попладневните часови ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Во петок попладне и во сабота ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој во сабота и недела ќе предизвика значителен пад на температурите.
Ново на Сител
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет