Времето денес ќе биде променливо облачно со температури до 23 степен
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 18 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди, а кон крајот на денот ќе биде облачно со услови за појава на краткотраен слаб дожд. Во Скопје температурата ќе достигне до 20 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време, во западните делови со услови за слаб локален дожд. Во недела ќе има подолги сончеви периоди. Од понеделник ќе има ново зголемување на облачноста. Во целиот овој период ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Арџи Беллио, претседавач на бордот на ОМД
-
Мали шанси за заедничка резолуција во Брисел за македонскиот идентитет
-
Партиите го следат случајот ДКСК, ќе побараат ли разрешување?
-
Политичките партии и на овие избори ќе бркаат повеќе гласови со доктори за градоначалници
-
Неколку шумски пожари активни низ државата
-
Пожарот во општина Василево петти ден активен
-
Со новите измени во Kривичниот законик, семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Во охридската болница се користеле стари апарати