Македонија
21. March 2016 - 8:23

Временска прогноза: Што ќе се случува денеска?

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, од пладне со повремени врнежи од дожд особено во северните делови од земјата. Ќе дува слаб претежно западен ветер.

Температурата ќе се движи од девет до 20 степени.

Во Скопје ќе биде облачно, од пладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб претежно западен ветер.

Температурата ќе достигне до 18 степени.

До вторник дневната температура ќе биде во пораст попладне ќе има локален слаб дожд, а од среда се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд и спуштање на температурата за околу 5 степени.