Времено ослободување од каматата за заостанатите комунални сметки во Кочани
Корисниците на комунални услуги во Кочани кои имаат заостанати неплатени сметки ќе бидат ослободени од каматата ако обврските целосно ги платат до 20 декември годинава.
Таква одлука донесе Управниот одбор на комуналното јавно претпријатие „Водовод“ и таа се однесува на сите физички и правни лица, без разлика дали за неплатените долгови добиле тужба или побарувањата се во редовна процедура.
– Целта е да им олесниме на поголем број граѓани да ги платат натрупаните долгови, одосно да го избегнат дополнителното финансиско оптоварување со плаќање на каматата. Истовремено, одлуката е и во интерес на нашето комунално претпријаите бидејќи очекуваме таа да придонесе за подобрување на финансиската состојба со зголемувањето на наплатата на сметките за потрошена вода, ѓубрарина и за другите ставки, истакна Андреј Киров, директор на „Водовод“.
Ослободувањето од плаќање камата за заостанатите сметки не се однесува на органите на државната и локалната власт, како и за другите државни органи основани согласно Уставот и со закон. Исто така, не се вклучени и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија чиј основач е државата или Општина Кочани.
Според евиденцијата на „Водовод“, со поголем број неплатени сметки се соочуваат домаќинствата во однос на заостанатите обврски што ги имаат претпријатијата.
Ново на Сител
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД
-
ЦУК: Тешки бетонски блокови пред паѓање висат од тераса спроти Владата
-
Руските безбедносни сили упаднале во притворниот центар и ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници
-
Сиљановска-Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Талибанците ќе испратат делегација на претстојниот состанок во Доха за Авганистан
-
66-годишен велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Илинден
-
Курбан Бајрам одбележуваат припадниците на муслиманската вероисповед
-
Во Владата истакнат премиерски портрет на Џафери