Вредноста на доларот продолжува да паѓа
На глобалните пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата валути повторно падна минатата недела, четврти пат по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка (ФЕД) наскоро ќе стави крај на циклусот зголемувања на каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на американската вредност во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,5 отсто, на 102,09 поени.
Истовремено, доларот ослабе за 0,6 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0905 долари. Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна, од друга страна, за 0,5 отсто, на 132,15 јени. Индексот на доларот ослабе и минатата недела, бидејќи инвеститорите веруваат дека циклусот на зголемување на каматните стапки на американската централна банка се ближи кон крајот.
Најновите макроекономски податоци покажуваат, имено, дека растот на американската економија постепено забавува, дека се намалуваат инфлаторните притисоци, дека потрошувачката полека слабее и дека пазарот на труд постепено се ‘лади’. А тоа значи дека ФЕД наскоро би можел да го прекине циклусот на затегнување на монетарната политика.
Инвеститорите стравуваат од рецесија на американската економија, со оглед на агресивното зголемување на каматните стапки на ФЕД во текот на изминатата година, па во средината на неделата индексот на доларот падна на најниските нивоа во последните два месеци, далеку под 102 поени. Но, на крајот на неделата малку се опорави.
Минатата недела еврото зајакна во однос на доларот шеста недела по ред, бидејќи разликата меѓу каматните стапки во САД и еврозоната се очекува да се намали оваа година. Толку долг период на пораст на еврото не е забележан од 2020 година.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана