Вреди: Таравари им ги украде мандатите на граѓаните кои гласаа против ДУИ
Таравари им ги украде петте пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ каде што врие криминал и корупција, се вели во соопштението кое утрово го испратија од Вреди.
„Не беше одамна, само пред една година, токму во овој месец, кандидатите за пратеници кои денес се пратеници на Алијанса на Албанци, под логото на Вреди, од врата на врата им велеа на граѓаните: „Ние сме промената”, „Ние не одиме со ДУИ”. Зиадин е предавникот затоа што сакаше да ѝ го продолжи владеењето на ДУИ.
Граѓаните ја кажаа својата волја, гласаа за промена. Промената дојде. Таравари дезертираше, но една армија не смее да ја следи слепо судбината на еден дезертер.“ – се вели во соопштението на Вреди со кое се повикуваат пратениците да се репозиционираат и да се вратат на исполнување на дадените ветувања пред изборите.
Ново на Сител
-
МОН ќе ги покрива трошоците за учество на средношколци на меѓународни научни олимпијади
-
Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии
-
Арбен Таравари си поднесе оставка од министерската функција
-
Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца
-
Лавров: Ситуацијата околу преговорите во Истанбул е интригантна, ќе има тешки разговори
-
Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста
-
Полицаец фатил 15-годишник како вози па бил нападнат од него и неговиот татко
-
Малолетник силувал 14-годишник во Карпош