-->
-->
Врбица Стефанов седна на клупата на Кожув
-->
Кошаркарскиот клуб Кожув од Гевгелија во новата сезона ќе биде предводен од нов тренер и на оваа позиција е поставен еден од најдобрите македонски кошаркари Врбица Стефанов, кој ќе го замени Марјан Илиевски.
- Почитувани навивачи и љубители на кошарката, ве известуваме дека од денес за тренер на КК Кожув во престојната натпреварувачка сезона е назначен легендата на македонската кошарка Врбица Стефанов. Се надеваме на многу успеси и му посакуваме успешна работа на новиот тренер - објави клубот на својот официјален профил на Фејсбук.
Стефанов е дел од стручниот штаб на македонската кошаркарска репрезентација каде ја има улогата на прв асистент на селекторот Драган Раца. Ова навестува дека Стефанов како тренер на гевгеличани би почнал со работа по 17.септември кога завршуваат квалификациите на Македонија за Европското првенство.
Во еден кус временски период Врбица Стефанов беше и на тренерската позиција на МЗТ Скопје Аеродром.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синдикалната кошница во август 65.500 денари, најмногу поскапела храната
-
Влада: ДУИ кога е на власт работи на еден начин, а во опозиција бара нешто друго за она што го направиле во минатото
-
Само 1.916 пријавени службени возила од 6.500 - институциите не ги пријавиле сите во рокот
-
Русија ги намали очекувањата за скорешна средба Путин - Зеленски
-
Прв уписен рок на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Вечерва се спушта завесата на Охридско елто
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен