„Врба“ номиниран за најдобар меѓународен филм на фестивалот Рејнденс во Лондон
Филмот „Врба“ доби номинација за најдобар меѓународен филм, а Милчо Манчевски за најдобар режисер на претстојниот фестивал Рејнденс во Лондон – најголемиот фестивал на независен филм во Велика Британија.
Како што соопшти „Банана филм“, жирито предводено од оскаровецот Џереми Ајронс ќе ги додели престижните награди во осум категории, во секоја се номинирани по три филма, а „Врба“ доби номинации во две категории.
Настапот на Рејнденс, што ќе се одржи од 28 октомври до 7 ноември, е и британска премиера на „Врба“, чиј продуцент е и легендарниот британски продуцент и основач на „Вирџин рекордс“ Ник Пауел. Организаторот на фестивалот го издвојува „Врба“ како еден од хитовите на програмата, а ќе се прикаже во селекцијата Женски поглед.
Поради пандемијата, 28-от Рејнденс годинава ќе се одржи во хибридна форма, онлајн и во живо во центарот на Лондон, со над 50 светски и британски премиери. На 28 октомври ќе има гала отворање со „Стардаст“ на Габриел Рејнџ за Дејвид Боуви Победата во конкуренцијата за краток филм на Рејнденс исто така носи и квалификација за Оскар и за наградите БАФТА.
„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата