Вратата од автомобилот секогаш отворајте ја со десна, а не со лева рака - Еве зашто
Кога се излегува од автомобилот, речиси секој возач вратата ја отвора со лева рака.
Меѓутоа, тоа никако не е добра идеја затоа што може да има сериозни последици. Откако ќе го паркирате автомобилот на улица, свртете се и отворете ја вратата со десна рака. Така ќе ја свртите главата наназад и ќе имате можност на време да видите дали покрај вас поминува велосипедист или мотоциклист кој со отворање на вратата би можеле да го турнете, или пак друго возило кое ќе ви ја откине врата, а може и вас да ве повреди.
Тоа се случува почесто од што мислиме. На пример велосипедистот не може дали возачот баш во тој миг ќе излезе од возилото, а возачот не гледа што се случува на улицата туку автоматски со лева рака ја фаќа рачката на варата и ја отвора. Тука станува збор за секунди кои може да значат живот.
Отворање врата со десна рака всушност го принудува возачот да го сврти горниот дел од телото, а тогаш доста поголем дел од улицата се наоѓа во неговото видно поле. Во Холандија возачите внимаваат на тие работи па доста почесто ја користат десната рака.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
-
Трамп потпиша наредба за преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна
-
Ново Грен слем финале Синер – Алкараз
-
Собрание: На 10 септември седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР и надзорна посета во просториите на АНБ
-
ОЈО ГОКК биле во АНБ
-
Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници странски војници
-
24-годишник полово злоупотребувал 5 годишно девојче со кое бил во роднинска врска
-
Трамп: Ја изгубивме Русија поради најцрната Кина