Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година.
Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска ќе ја добие нарадата во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста годинава се наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази.
Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на Томислав Османли.
По повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски, делегации од Кабинетот на претседателот, од Собранието, од Владата, од Генералштабот на Армијата, од МПЦ-ОА, како и претставници на институции, на дипломатскиот кор и на политички партии ќе положат цвеќе пред споменикот на Св.Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
Како што соопшти Собранието, во состав на делегацијата ќе бидат пратениците Емилија Ангелова, Даниела Николова и Павле Арсоски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска
-
Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува 40 минути
-
Нефер трговските практики ќе се казнуваат до 20.000 евра
-
Што ќе одлучи Бугарија по одлуките на Стразбур?
-
До крајот на јануари ќе почне примена на Законот за употреба на македонскиот јазик - Има ли државата капацитет?
-
Илјадници лица со оштетен вид не го познаваат Брајовото писмо – Недостаток на образовниот систем
-
Ветерот и снегот малку го исчистија воздухот – синоќа Скопје беше најзагаден град во светот
-
Струмица и понатаму меѓу најзагадените градови