Врачени награди на ученици освоени на Меѓународниот литературен натпревар за млади
Почесниот конзул на Јапонија во Македонија Казу Лешниковска денеска ги врачи наградите на ученици и претставници од двете скопски основни училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“ за успешно учество на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2015 организиран од Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации (УНЕСКО) и фондацијата ГОИ од Токио.
Натпреварот е организиран во рамки на одбележувањето на јубилејот 70 години од основањето на УНЕСКО. На него со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Градиме мир во нашите срца и души“ учествуваа 12.960 учесници од 148 земји.
Јапонскиот конзул Лешниковска додели награди за мотивираност и континуирано учество на основните училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“, специјална наргада од жири во својата возрасна категорија на ученичката Елена Стојкоска од ООУ „Владо Тасевски“ и сертификати за учество на 11 ученици.
- Убедена сум дека и во иднина основните училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“ ќе продолжат да ги охрабруваат своите ученици да мислат со своја глава, а со поддршка на наставниците и родителите, своите мисли и идеи да ги изразуваат преку пишаниот збор и на вакви литературни конкурси, нагласи Лешниковска.
Директорката на ООУ „Владо Тасевски“ Елка Даскалова, рече дека се радува што учениците се наградени токму оваа година, кога се слави јубилејот од 70 години постоење на УНЕСКО, како и дека ја радува фактот што меѓу 150-тина земји во светот Македонија се вбројува во победниците претставена од нашите ученици, односно амбасадори на мирот во светот.
Наставничката ментор на наградената ученичка Марија Туџарова порача дека се што се сака и се работи со љубов родува и со плод, а плодот денеска е успехот на Стојкоска.
Тимовите на основните училишта „Лазо Трповски“ и „Владо Тасевски“ на натпреварот во Токио беа предводени од наставниците Стефан Симовски и Виолета Панев. Есеите за учество на натпреварот трабло да содржат не повеќе од 700 зборови и да бидат напишани на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштата.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%