Врачена државната награда „8 Септември“

Државната награда „8 Септември“ за животно дело и признанија за високи остварувања во областа на спортот денеска беа врачени во Собранието на Република Македонија.
Таки Џиков, кој речиси половина век е во спортот, на разнии функции, а најмногу во одбојката, е добитник на годинашната државна награда за животно дело „8 Септември“, која по седми пат ја доделува Агенцијата за млади и спорт.
Признанија за остварувања во областа на спортот добија Стефан Гешовски-кошарка, Сашко Арсовски-карате, Владимир Радиќ-ракомет и Ристо Таков-борење.
Наградата на Таки Џиков му ја додели директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и изрази честитки до сите наградени.
Џиков им го честита празникот 8 Септември на сите граѓани и нагласи дека на државата и е потребна нова стратегија како да се создадат нови, квалитетни, стручни кадри кои ќе го доближат спортот до младите и тој да стане нивно секојдневие.
Смета дека преку спортот младите ќе се дистанцираат од пороците и оти на тој начин се создаваат здрави и млади генерации кои и се потребни на државата.
На доделувањето на наградите присуствуваа спортисти, тренери, претставници од спортските федерации...
Ново на Сител
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
