Вработените во ЈКП „Солидарност“ во Виница утре ќе земат цела плата
Надминати се финансиските проблеми со кои се соочи јавното комунално претпријатие „Солидарност“ од Виница и утре вработените ќе го добијат целиот износ на платата за месец мај.
Потребните средства се обезбедени од тековните извори, односно преку наплатата на побарувањата за извршените услуги кон граѓаните и кон правните субјекти.
-Платите во нашето претпријатие вообичаено се исплаќаат на крајот на тековниот месец за претходниот, а овојпат го надминавме рокот за десетина дена затоа што во мај и јуни имавме плаќања за судски извршувања за околу 1,3 милиони денари, што ни направи извесни нарушувања на финансиската состојба. Причина за таквата ситуација се натрупаните долгови за регрес за годишен одмор и за награди на вработените од 2014 до 2017 година, така што само во последните три години по овој основ се исплатени осум милиони денари. Ги преземаме сите мерки да ја подобриме наплатата од нашите корисници, со што од околу 60 ја покачивме на 75 отсто, истакна Александар Трајков, директор на ЈКП „Солидарност“.
Една од причините за проблемите со финансиската состојба на претпријатието е што во изминатите десетина години не било преземано ништо за наплата на долговите на правните субјекти. Според книговодствената евиденција, „Солидарност“ има ненаплатени побарувања од околу 50 милиони денари, во кои влегуваат и неплатените сметки на граѓаните, при што голем дел од нив се застарени.
Поради неповолната финансиска состојба, вработените во виничкото комунално претпријатие пред два дена на своите сметки добија само по 100 денари од мајската плата, а причината за тоа била да се задржи редовноста во плаќањето на придонесите за здравствено и пензиско осигурување.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице