Вработените на „Еурокомпозит“ не постигнаа договор со Владата
- Вработените во „Еурокомпозит“ кои протестираат пред Владата во Скопје, не постигнале договор со премиерот Зоран Заев на попладневната средба.
Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ точка на сопнување бил рокот за исплата на платата за вработените.
- Остваривме средба со премиерот Заев. Се согласуваме на предлогот во рок од три месеци да тече постапката за решавање на состојбата со фабриката, да се распише тендер и да се објави за да се пријават стратегиски партнери зашто имало три-четири заинтересирани комапнии. Во меѓувреме да тече и постапката за 100 до 120 вработени да заминат технолошки вишок. Единствено не се согласуваме за исплата на платата во рок од 30 дена. Доколку ни се исплати плата веднаш, ние ќе се вратиме на работните места, ни изјави Богданоски, потврдувајќи дека остануваат на протест пред Владата.
Ново на Сител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија