Вработените кај Пендаровски ќе добијат јануарска плата, 5% покачување за административците во Кабинетот
Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во Кабинетот.
- Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати, се појаснува во соопштението од Кабинетот на претседателот на државата.
Ново на Сител
-
МВР со апел за безбедни матурски прослави
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија
-
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-
Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул
-
Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
-
Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико
-
Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа
-
Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел