Вработени во угостителски објект нападнале инспектори на УЈП
Вработени во угостителски објект во близина на Охрид заработија кривични пријави бидејќи на инспектори на УЈП им одзеле службени документи.
- СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(41) и М.Н.(46) од Охрид и А.К.(25) с.Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“. На 01.08.2021, службени лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул.„Партизанска“, при што констатирале прекршок според „Законот за регистрирање готовински плаќања“ и согласно тоа изготвиле платен налог според „Законот за прекршоци“. Притоа, пријавените им ги одзеле службените документи на службените лица и ги оштетиле, а записникот и платниот налог ги искинале. Исто така, ги спречиле службените лица да го завршат инспекцискиот надзор, велат од полицијата.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата