Вработени во „Фени“ против закуп на комбинатот
Против закуп на „Фени“ се вработени во комбинатот, Синдикалната организација, доверители и транспортери. Нивниот став денеска го изнесе Ѓоре Палитов, претседател на Синдикатот.
Тие, како што кажа, рекле дека ќе се противат со сите можни мерки зашто сметале дека има заинтересирани инвеститори со план за реорганизација и плаќање на долгот кон доверителите.
– Нема да дозволиме да влезе закупец кој нема да инвестира во фабриката, кој ќе плаќа само закупнина и во секој момент ќе може да ја напушти фабриката. Со тоа ќе се изгубат заинтересираните инвеститори, а не е позната и иднината на вработените. Со закупот постои страв дека ќе се избркаат заинтересираните инвеститори, а може да се земе фабриката без пари, децидни биле револтираните.
Нема да дозволиме, додале, за 100 илјади евра месечно да се заработуваат 1,5 милиони евра месечно со моменталната цена на никелот. Со закупот, според нив, ќе се одложело плаќањето на долговите кон доверителите, а за кое време, не се знаело.
Консултирале правни експерти и тие им рекле дека давањето под закуп било незаконско, особено заради одлука на одбор на доверители во кој членови биле банките.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
