-->
-->
Вработени 92 лица со попреченост преку проект на УСАИД, 12 почнале свој бизнис
-->
Преку Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување лица со попреченост кој функционира од 2012 година досега се вработени 92 лица, 12 отвориле сопствен бизнис, а 57 реализирале практикантски ангажмани во различни приватни компании, јавни институции и невладини организации.
Овој проект работи на градење на капацитетите на лицата со попреченост за полесно да настапат на пазарот на труд, а исто така работи и со компаниите и јавните институции за полесно прифаќање и адаптирање на овие лица на работното место, соопштуваат од проектот.
Обучени се 389 лица на тема „Стратегии за барање работа на лица со попреченост“, 14 лица со попреченост успешно завршиле обука за претприемништво, а 11 лица ја посетиле обуката за развивање креативни вештини на лица со попреченост. Од друга страна, пак, 202 претставници од компании посетиле обуки за менторско водење на лица со попреченост.
Во декември минатата година е организиран саем за вработување во Куманово, а како дел од активностите до август следната година ќе биде организиран уште еден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа